Добредојдовте на официјалната веб страница на Ман-Дра ДОО Скопје
  • mk
    • en
+389 (0)2 3 171 519
+389 (0)70 23 67 67
man-dra
contact@man-dra.mk

За Нас

Кои сме ние?

По долгогодишно работење во областа на индустриската електроника и автоматика, се создадоа услови за формирање на компанија која ќе биде сервис и ќе им нуди услуги на компаниите кои се занимаваат со производство. Компанијата „Ман-Дра“ е формирана 1999 година и веднаш по формирањето започнавме со производство на уреди кои со своите перформанси и квалитет се во самиот врв од понудата на пазарот.

Први на пазарот во 1999 година се појавија релејните автомати за контрола и заштита во индустријата, следуваа коректорите на напон за индустријата и домаќинствата, а кога се создадоа услови следеа и дигиталните инструменти за визуелно прикажување на електричните големини во индустријата.

Понудата се збогати со запалките за натриум-халогените светилки, а во 2003 година се склучи договор за застапување на реномираната фирма Елтинг за производство на трансформатори.

Во 2007 година палетата се збогати со производи за индустрија и секојдневна употреба (автоматски осигурувачи, фид склопки, ДМ склопки итн). Во 2008 година се отпочна со дистрибуција на производите низ целата држава.

Во моментов се врши испитување на пазарот за проширување на гамата со нови производи од областа на индустриската електроника и процесното управување. Покрај производните услуги, нудиме и сервис и изработка на процесно управување на машини.

Наша цел

Нашата цел е на пазарот да нудиме квалитетни и пристапни производи, а тоа со сигурност ќе може да го оствари нашиот квалификуван кадар со професионален пристап. Нашите капацитети за производство континуирано растат и традиционално успеваме да ги задоволиме сите светски стандарди за сигурност и квалитет. Повеќе од 10 години доставуваме високо квалитетни производи на македонскиот и европскиот пазар и создаваме илјадници задоволни потрошувачи.

Визија

Комплетното производство на Ман-Дра се прави во високо-технолошки развиени индустриски центри со најсовремена CNC И RobotoLogics технологија. Ние веќе ја остваруваме нашата визија. Дел од нашите клиенти се ИТ компании кои својата дигитална технологија ја ставаат во функција благодарение на безбедноста и квалитетот на нашите производи. Ниедна дигитална техника не може да функционира без високо напредна индустриска електроника. Ман-Дра веќе значителен дел од своето производство го намени за дигиталниот свет.

Нашата компанија е во постојано унапредување на работниот процес со цел подобрување на квалитетот на нашите производи и нивната сигурност, како и постојано следење на напредокот на електрониката во светски рамки. Побарувањата на купувачите е во секојдневен раст и ние секогаш настојуваме да одговориме на новите барања.