Релеи
-
Реле со подножје (11 пинско)
• Три одделни NC + NO контакти со декларирана струја од 10А
• Вграден LED индикатор
• Голема издржливост (минимум 10 000 000 операции)
• 11 – пинско подножје -
Солид стејт реле
Солид стејт реле претставува безконтактен прекинувач кој се управува со мал контролен напон каков што овозможуваат TTL и CMOS интегралните кола. Излезниот степен го сочинува моќен триак кој овозможува брзо вклучување и исклучување на потрошувачот. Влезниот и излезниот степен се одвоени со оптички елемент. Споредено со електромагнетно реле (контактор), има повеќе предности како што се: пократко време на реакција, тивка работа што не предизвикува никакво вознемирување во околината, подолг работен век и слично.